TESYA е меѓународна групација составена од 28 компании со силни локални корени во 15 земји. Лидер е на пазарот во обезбедувањето софистицирани услуги и високо приспособени интегрирани B2B решенија за градежништво, градилишта, управување со магацини и логистика, организација на големи настани, производство на електрична и механичка енергија и енергетска транзиција.
Групацијата се гордее со претприемачка традиција долга 90 години и глобално портфолио на производи и услуги што ги обезбедуваат 4.000 вработени. Ја зацврсти својата водечка позиција на пазарот благодарение на превземањето на италијански и европски компании обединети со силна иновативност, комбинирајќи ја употребата на нови технологии со семестрана експертиза во низа индустриски сектори.
Луѓето ги ставаме во центарот на сè што правиме – Вие сте буквата Y во нашето име. Градиме блиски односи со вас, нашите клиенти, колеги, добавувачи, засегнати страни и заедници. Овие односи ни овозможуваат да ги разбереме и предвидиме вашите потреби, поддржувајќи ве да го дадете најдоброто од себе и да ги постигнете вашите цели. Затоа што TESYA не би можела да постои без Вас.
Компаниите на TESYA Групацијата стануваат „претприемнички партнери“, нудејќи целосна архитектура на приспособени решенија според потребите на секој клиент, гарантирајќи максимална поддршка. Од дизајн до постпродажна поддршка, од зголемување на продуктивноста до оптимизација на употребата на капиталот, од редовно до вонредно одржување, ги користиме најнапредните технологии и високо квалификувани луѓе - како за поединечни производи, така и за сложени, интегрирани, повеќеуслужни и повеќекомпаниски решенија.
Групацијата TESYA отсекогаш била посветена на обезбедување најефикасни и економски одржливи решенија во ера на постојани промени, инспирирана од една јасна, заедничка цел: поттикнување на растот на луѓето, бизнисот и заедниците.
Квалитетот и извонредноста се во срцето на понудата на услуги на TESYA Групацијата, но луѓето од Групацијата ја прават разликата. Нашите принципи го дефинираат тоа кои сме и што сакаме да бидеме: тие постојано ги водат нашите постапки, создавајќи вредност за нашите клиенти и заедниците во кои работиме.
Во срцето на нашиот деловен успех е односот заснован на заеднички вредности и меѓусебно почитување. Затоа во центарот на нашиот бренд стои буквата Y, која го нагласува придонесот што ВИЕ го давате за нашиот успех, без разлика дали сте клиент, колега или дел од заедницата во која сме присутни. Без ВАС не би постоела TESYA.