Директива 2002/58/ЕЗ - „во однос на обработката на личните податоци и заштитата на приватноста во секторот за електронски комуникации“ Регулатива (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и советот од 27 април 2016 година.
„Контролор на лични податоци“
Како последица од посетата на оваа веб-страница, податоците кои се однесуваат на утврдени лица или лица чиј идентитет е утврден или е можно да се утврди подлежат на обработка. „Контролорот на лични податоци“ е Текноксгруп ДОО.
Навигациски податоци
Компјутерските системи и софтверските постапки вклучени во работата на оваа веб-страница, во текот на нивното вообичаено работење, стануваат сопственици на одредени лични податоци чијшто пренос е опфатен во употребата на протоколите за интернет комуникација. Овие информации не се собираат со цел да бидат поврзани со некое утврдено лице, но преку обработките и поврзувањата со податоци што ги поседуваат трети лица, по својата природа може да доведат до утврдување на корисниците. Во оваа категорија податоци се вклучени IP-адресите или имињата складирани во доменот на компјутерите што ги користат оние кои пристапуваат на веб-страницата, адресите со запис URI (Униформен идентификатор на ресурси) на бараните ресурси, времето на барањето, методот што се користел за да се препрати барањето до серверот, големината на документот што е добиен при одговор, кодот што ја прикажува состојбата на одговорот даден од серверот (добро, грешка, итн.) и други параметри поврзани со оперативниот систем, структурата и условите на компјутерот на корисникот. Овие податоци се собираат исклучиво за да се добијат анонимни статистички податоци за употребата на веб-страницата и за да се провери нејзината правилна изведба и се бришат веднаш по обработката. Податоците може да бидат употребени за да се истражи одговорноста, доколку при обработка на податоците настанат одредени прекршоци против веб-страницата.
Податоци кои се доброволно доставени од корисникот
Незадолжителното, експлицитно и доброволно препраќање на личните податоци од страна на корисникот на обрасците за регистрација што се поставени на оваа веб-страница имплицира последователно преземање на податоците кои се доставени од испраќачот. Овие податоци ќе бидат обработени со намера да се одговори на побараната услуга. Посебни, концизни информации наменети за лицата чии податоци се обработуваат ќе бидат постепено прикажувани на одделните страници на веб-страницата поставени за конкретни услуги по барање.
Технички колачиња се оние кои исклучиво се користат со цел да се изврши преносот на комуникација на мрежата за електронски комуникации или доколку е навистина потребно за давателот на услуга на информатичкото општество од кого договорната страна или корисникот експлицитно побарала да ја обезбеди наведената услуга. Аналитичките колачиња може да се поистоветат со техничките колачиња доколку се користат директно од страна на раководителот на веб-страницата со цел да соберат агрегирани податоци за бројот на посетители и вообичаените начини на посета на веб-страницата. За повеќе детали погледнете ја страницата за таа намена.
http://www.teknoxgroup.com/mk/obvestila/veb-kolachiata/
Освен тоа што е специфицирано за навигациските податоци, корисниците може слободно да ги доставуваат своите лични податоци или за да бидат внесени во обрасците што се поднесуваат до Службата или за да бидат наведени при обраќање на Службата со цел да се побара достава на информативен материјал и други соопштенија. Недоставувањето на тие податоци може да повлече со себе и недоставување на побараните услуги и производи.
Личните податоци се обработуваат со автоматизирани инструменти за период не подолг од тоа што е потребно за да се постигнат целите за кои се собрани. Постојат посебни безбедносни постапки за да се спречи нивно уништување или губење, независно дали случајно или не, како и да се спречи неовластен пристап до податоците или постапки на нивна обработка што или се незаконски или се неусогласени со целите за кои таквите податоци се собрани.
Пренос и дистрибуција на податоци
Податоците може да бидат пренесени или соопштени на друг за активности тесно поврзани и клучни за ефикасноста на услугата, како што е управувањето со системот за обработка на податоци или за обработка што ја вршат други компании за истите цели. Настрана од наведените случаи, податоците нема никому да бидат откриени ниту дадени освен доколку тоа не е во согласност со договорните или законските обврски или доколку корисникот дал согласност за тоа. Токму затоа, личните податоци може да бидат пренесени на трети страни единствено и исклучиво доколку:
1. постои изричита согласност да бидат споделени со трети страни;
2. постои потреба податоците да се споделат со цел да се обработат барањата на корисниците;
3. е од суштинско значење да се извршат барањата од судските власти или од полицијата.
Ниту еден податок што доаѓа од веб-страницата никогаш не се открива ниту пак се пушта во оптек.
Лицето чии податоци се обработуваат има право во секое време да добие потврда за тоа дали постојат или не лични податоци кои се однесуваат на него, да ја знае нивната содржина и извор, да ја потврди нивната точност или да побара нивна интеграција, ажурирање и корекција (секции 15 – 22 Регулатива (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и советот од 27 април 2016 година.). Во согласност со наведениот член имате право да побарате бришење, анонимизација или блокирање на податоците што се обработени незаконски и, дополнително, да се спротивставите од правни причини на обработката на личните податоци, иако тие се релевантни за целта на нивно собирање.
Контролорот на лични податоци редовно ги проверува политиката за приватност и безбедносната политика и, доколку е неопходно, ги ревидира согласно измените и дополнувањата донесени со закон, донесени од организацијата или поттикнати од технолошкиот напредок. Сите промени на наведената политика ќе бидат објавени на оваа страница.
Секој оној кој е заинтересиран за дополнителни информации, сака да придонесе со свои предлози или сака да поднесе претставки или искаже загриженост во однос на кое било прашање што произлегува од поврзаноста со политиката за приватност или со начинот на кој контролорот на личните податоци ги собира податоците, може да пише на privacy@teknoxgroup.com.
Согласно член 13 од Регулативата 2016/679 на ЕУ Текноксгруп ДОО (Контролорот на лични податоци) Ве известува дека личните податоци собрани во овој образец ќе бидат обработени со цел да му одговориме на Вашето барање и, со претходна согласност, со цел да се употребат за маркетиншки цели, како на пример додавање на Вашата имејл адреса во услугата е-билтен и испраќање промотивни рекламни материјали за производите и услугите на Текноксгруп. Текноксгруп ДОО нема да ги пренесува или дистрибуира собраните лични податоци за други цели освен за цели поврзани со нивна обработка. Вашите лични податоци ќе бидат обработени исклучиво од страна на посебно овластен персонал кој има пристап и дозвола за обработка на податоците. Вашите лични податоци ќе се чуваат во временски период кој не ги надминува целите за кои податоците се собрани и, следствено на тоа, обработени. Член 15 и следните членови од Регулативата на ЕУ признаваат неколку права во однос на Лицето чии податоци се обработуваат за кои Ве советуваме внимателно да ги разгледате. Меѓу нив, Ве потсетуваме на правото за добивање потврда за постоење на личните податоци во нашата компанија; правото да бидете известени за целта на нивната обработка и за предвидениот временски период во кој тие ќе се чуваат во нашата компанија; правото за корекција, интеграција, ажурирање, бришење, анонимизација на Вашите лични податоци или блокирање на податоци кои се незаконски обработени. Со цел да ги остварите правата на Лицето чии податоци се обработуваат наведени погоре, Ве молиме директно обратете се на Текноксгруп Македонија Дооел, Ул.20 бр.32 нас.место Бразда, 1010 Чучер Сандево Скопје, Македонија , Е-пошта: privacy@teknoxgroup.com.