Преглед

Cat® MH3250 нуди супериорни перформанси за примени кои опфаќаат манипулација со материјал. Со пространа, ергономска кабина, MH3250 нуди удобна работна средина за да ве одржи продуктивни во текот на целиот ден. Комбинацијата од подолги интервали на одржување и помала потрошувачка на гориво овозможува до 20% пониски оперативни трошоци. MH3250 ви ги пружа безбедноста и сигурноста што ви се потребни за примени во најтешки услови.

ПРИДОБИВКИ

СУПЕРИОРНИ ПЕРФОРМАНСИ

Новиот мотор, системот за ладење со вентилатор со промена на правец и широкото механичко променливо подвозје помагаат да се оптимизираат перформансите на машината.

ДО 20% ПОНИСКИ ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ

Со продолжени интервали на одржување и помалку приклучоци и црева, ќе завршите повеќе работа со помал трошок во споредба со претходниот модел.

ПОГОЛЕМА УДОБНОСТ

Новата, поголема кабина ви ги обезбедува просторот и видливоста што ви се потребни за да можете да работите удобно и безбедно во текот на целиот ден.

Провери достапност:

Дали ви се потребни дополнителни информации?

Close

Повикајте нè

Работно време: 08:00 - 16:00 (пон-пет)

Pošljite nam e-pošto